Спасовски: Во МВР досега се сменети 11 началници

Досега во МВР се сменети 11 началници во МВР, а останува можност за промена уште на четворица, информира денеска по промоцијата на новите полициски службеници во Центарот за обука Идризово, министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски одговарајќи на новинарско прашање за последните кадровски смени во МВР.

На прашањето колку лица истовремено се на боледување од оние кои треба да бидат сменети, Спасовски одговори дека добил информација оти четири до пет лица на битни позиции во МВР биле во исто време на боледување.

- Инаку, тоа не се позициите кои сакав да ги сменам. Ако е заради тоа боледувањето, мислам дека е злоупотреба и треба да се вратат на работа, изјави министерот Спасовски.

Тој потсети дека лани за 33 полициски службеници кои не беа примени на работа во МВР, поднел барање до Министерството за финансии за одобрување за нивно вработување.

- Оваа година остануваат 54. Минатата година поднесов барање до Министерството за финансии за овие полициски службеници да имаат вработување заради тоа што го положиле испитот, а на МВР му се потребни нови полициски службеници. Министерството за финансии треба да има слух и да даде одобрување и овие луѓе кои ги завршиле сите обуки и имаат добиено сертификат да бидат во работен однос заради тоа што МВР може само да добие, рече Спасовски. 

 
 
08.10.2016 - 14:24

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега