Проверете: Кога доаѓа првиот снег во Скопје

 

Ако сте од оние кои сакаат снежна Нова Година, оваа, желбата можеби и ќе ви се исполни. Долгорочните прогнози, кои не се одликуваат со голема прецизност, но сепак може да се земат како ориентација за метеоролошките состојби, велат дека не чека влажна зима, во која, повеќе ќе има дожд, отколку снег, но сепак, во последните денови од 2016 можеби и ќе се створат услови за формирање на некоја, каква-таква снежна покривка.
Ако сте нетрпеливи, конечно да го видите снегот во Скопје метеоролозите велат дека ќе треба да чекате уште околу еден месец. Според нивните прогнози, првите услови за снег во главниот град ќе се создадат дури на крајот од ноември. Но со оглед на тоа дека во целиот претходен период ќе има врнежи од дожд, извесно е дека овој снег нема да се задржи. Дополнително, причина за тоа ќе бидат и високите температури кои во текот на денот ќе достигнуваат, близу 10 степени, што е далеку од услови за снежна покривка.
Вакви срамежливи обиди за снег ќе има и на почетокот од декември, но условите ќе бидат горе долу исти, што гарантира дека нема да се формира снежна покривка.
Но првите услови за тоа ќе се создадат некаде во последната недела од декември. Тогаш, снежните врнежи ќе го зафатат главниот град при температури од околу 3 степени над нулата, кои во текот на ноќта ќе одат и во минус, што се идеални услови за снежни врнежи. Ваква треба да биде целата поседна недела од декември, што значи, дека е можно новогодишните празници да ги дочекаме под снежна покривка.

 
 
25.10.2016 - 11:21

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега