ДИК: Функционална апликацијата за проверка на граѓаните во Избирачкиот список

Државната изборна комисија информира дека во текот на денот имале одредени технички проблеми со апликацијата за проверка на граѓаните во Избирачкиот список.

- Апликацијата за проверка на податоците во Избирачкиот список за граѓаните кои ќе гласаат во избирачките места на територијата на Република Македонија веќе е функционална и достапна, соопшти ДИК. 

Од ДИК најавуваат дека во текот на утрешниот ден ќе биде достапна и апликацијата за проверка на податоците во Избирачкиот список за лицата кои ќе гласаат во дипломатско-конзуларните претставништва и конзуларните канцеларии во странство. 

- Техничките проблеми немаат никакви последици ниту влијание врз Избирачкиот список, организацијата, како и врз спроведувањето на претстојното гласање за избор на пратеници во Собранието на Република Македонија, стои во соопштението од ДИК. 

 
 
05.12.2016 - 20:59

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега