СИТЕЛ: Шефот на државата и врховен командант денеска беше во Штип во посета

Претседателот и врховен командант на армијата, Ѓорге Иванов и началникот на Генералштабот на АРМ во работна посета на штипската касарна, со цел утврдување на подотвеноста на батаљонот за справување со можните предизвици, пред се со бранот бегалци кој се очекува во периодт што следува.

- Претседателот имаше можност да проследи и една мала тактичко-техничка вежба, која се прави редовно пред упатување на војниците и единиците со справување со мигрантската криза на јужната граница- изјави Методија Величковски, началник на Генерлштабот на АРМ

Вториот механизиран пешадиски бватаљон, стациониран во касарната „јане Сандански“ е еден од носителите на македонската армија и самото оценување на единиците за извршување на мисии надвор од земјава започнува токму од Штип со вежбата „Македонски блесок 1“ која прерасна во бренд во регионот, додаде Величковски.Престедателот на Р. Македонија присуствуваше и на свеченоста по повод 1100 годишнината од упокојувањето на Свети Климент, што се одржа во новата црква во населбата „Сењак“ која за патрон го има токму овој македонски светец.

- Мораме да се обединиме во името на македонскиот народ, во името на Свети Климентовата идеја, во името на нашата света македонска црква-изјави Илчо Захариев, градоначалник на О. Штип

Од Брегалничката епархија и НУ Библиотека „Гоце Делчев“ претседателот доби икона и благодарница заради можноста од вклучување на овие две институции во програмата за одбележување на 1100 годишниот јубилеј. 

 
 
05.12.2016 - 21:06

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега