Ѓорчев: На 11 декември да гласаме за завршување на кризата

Носителот на кандидатската листа на коалицијата „За подобра Македонија“, предводена од ВМРО-ДПМНЕ, во Шестата изборна единица, Владимир Ѓорчев вечерва се обрати пред жителите на општина Јегуновце.

- На 11 декември, покрај за завршување на кризата и економските проекти треба јасно и недвосмислено да гласаме и за опстојување на општина Јегуновце во овие граници и со овие села, Јегуновце да биде силна општина и подржана од владата на Македонија со проекти. Ако имаме стабилна влада многу повеќе проблеми ќе можеме да решиме но ако немаме стабилна влада и ако државата не ни е стабилна, тогаш ќе биде многу потешко, бидејќи не само што нема да може да решаваме проблеми,туку проблемите ќе се зголемуваат, рече Ѓорчев. 

 
 
05.12.2016 - 22:06

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега