Димитриев: Заеднички да ја градиме перспективата на Македонија

Претседателот на Владата за спроведување на избори Емил Димитриев вечерва во општина Зрновци на митинг организиран од Коалицијата „За подобра Македонија“ се обрати пред жителите на таа општина, презентирајќи им ги најбитните делови од програмата на партијата за источна Македонија посебно за таа општина.

Димитриев ја истакна заложбата на досегашната и идната влада на ВМРО-ДПМНЕ за  привлекување нови странски инвестиции и отворање нови работни места.

- Примерот со странските компании „Антура“ и „Анфенол“ во Кочани со најава за дополнителни нови инвестиции е само уште убав пример дека работиме за реализација на договореното-влез на странски инвестиции, нови вработувања и намалување на невработеноста, рече Димитриев.

Пред зрновјани тој зборуваше и за субвенциите во земјоделството кои во наредните четири години ќе бидат двојно зголемени, за инвестициите во системите капка по капка и изградба на нови бунарски системи за кои Владата е подготвена да покрие 80 отсто од инвестицијата, како и за вложувањата во хидромелиоративните системи.

- Токму затоа за реализација на сите планирани активности ќе треба на 11 декември да ставиме крај на една криза за да Македонија и ние во неа тргнеме кон подобар живот. Ако Македонија пред кризата беше малото чудо на Балканот, ќе направиме тоа да биде и во наредните години, додаде Димитриев.

Пред жителите на Зрновци вечерва свое обраќање имаше министерот за  одбрана Зоран Јолевски, како и кандидатот за пратеник од ИЕ 3 од Кочани, Иван Иванов

 
 
05.12.2016 - 23:20

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега