Досега 22 случаи на грип во Крива Паланка и Ранковце

Од почетокот на сезоната на грип досега на подрачјето на општините Крива Паланка и Ранковце се регистрирани 22 случаи на лица заболени од грип.

Од хигиено-епидемиолошката служба на ПЕ Центар за јавно здравје Крива Паланка информираат дека во истиот период во 2015 година немало ниту еден случај.

- Од вкупно 22 случаи на лица заболени од грип во декември, 17 се на возраст од 15 до 64 години, двајца се од 5 до 14 годишна возраст и три лица се постари од 65 години, изјави доктор Елена Крстевска од ПЕ на ХЕС, Крива Паланка.

Според неа се очекува бројот на заболени од грип да расте.

- Како и минатите години, очекуваме пикот да биде достигнат во февруари и почетокот на март. Ова е респираторно заболување кое се пренесува преку арео-капков пат и најдобра превенција е вакцинација против сезонски грип, додаде Крстевска.

Во октомври дадени се 200 дози вакцина, претежно на лица над 65 години и хронично болни.

- Интересот беше голем и кај помлади лица од 65 години, особено кај лица со разни индикации кои по препорака на матичен лекар побараа вакцина. Препорака е да се консумираат повеќе витамини, топлни напитоци, за да се зголеми одбранбената способност на организмот, рече Крстевска.

За да се спречи понатамошно ширење на заболувањето неопходно е да се избегнува близок контакт со заболени, престој во затворени простори и на собири

 
 
03.01.2017 - 13:44

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега