Фото: Првиот жител на Гази Баба во 2017 е бебето Даријан

Градоначалникот на општина Гази Баба Тони Трајковски и директорката на Клиниката за гинекологија и акушерство, при универзитетскиот клинички центар, Д-р Марија Хаџи Лега, ја посетија мајката и првото родено бебе, жители на општина Гази Баба во 2017 година.

Градоначалникот Трајковски на семејството Томовски од населбата Автокоманда им посака многу успешнa, среќнa и весела 2017 година, а на бебето многу здравје, убаво и безгрижно детство.

Првиот жител на Гази Баба е машко здраво бебе, Даријан Томовски, долго 51 сантиметар и тешко 3,150 килограми, од родителите Влатко Томовски и мајката која го донесе на свет Сашка Томовска.

Градоначалникот на семејството им подари по 20.000,00 денари.

 
 
03.01.2017 - 16:12

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега