СИТЕЛ: Македонија од четврток ќе ја погоди обилен снежен бран - граѓаните да се подготват за екстремно ниски температури

Најавите за обилни врнежи од снег и ниски температури ги мобилизраа институциите за справување со кризи. Зимската служба на Град Скопје со 24 возила и 2.500 тони сол е подготвена за чистење и одржување на улиците и булеварите кои се во нивна надлежност. Апелираат граѓаните да ги почитуваат законските обврски во зимски услови за расчистување на пристапот до нивните домови. Со 37 дежурни пунктови низ цела Македонија и специјална опрема Македонија пат ќе интевенира на државните патишта. Во услови на снег особено важно е возачите да ги почитуваат сообраќајните знаци.

„Апелираме и ние учесниците во сообраќајот да бидат опремени со зимска дополнителна опрема, а посебно апелираме до тешките товарни возила, без зимска опрема да не тргнуваат на пат“ вели директорот на Македонија пат Гајур Кадриу.

Од четврток Македонија влегува во жолта алертна фаза. Од Управата за хидрометерлошоки работи најавуваат обилни врнежи од снег, поларен бран со засилен северен ветер и пад на температурите до 20 степени под нулата. Апелираат граѓаните да бидат особено внимателни поради можноста од појава на замрзнат дожд.

Граѓаните треба да бидат  подготвени за драстична промена на температурата. Веќе во четврток паѓањето снег ќе достигне одредени количини кои ќе можат сериозна промена во временските прилики. Со снег ќе биде зафатена целата територија на Македонија, а на повисоките места над 50 сантиметри, а на пониските 25 сантиметри. Ќе дува студен ветер од северозападен правец, а температурите ќе паднат сериозно под нулата. Во петок, сабота и недела, не очекуават дури и дневни температури од минус десет, а ноќните и до минус 22 степени, изјави Оливер Ромевски, директор на УХМР.

На располагање на граѓаните кои ќе се најдат во поголема опасност од големи снежни наноси и завејување во следните денови ќе им биде и бесплатниот телефонски број на Центарот за управување со кризи, 195. 

 
 
03.01.2017 - 16:30

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега