Драма во гостиварско: Го нападнал братот со штрафцигер

 

49-годишниот А.Б. од селото Чегране заработи кривична бидејќи го нападнал сопствениот брат со штрафцигер. Минатата година во месев Ноември, како што информираат од полицијата, тој во 15 часот и 30 минути во непосредна близина на чајџилницата во село Чегране-гостиварско, почнал расправија со брата си, па го нападнал, а потоа во еден момент од возилото успеал да земе и еден штрафцигер со кој се обидел повторно да го нападне брат му.

Во натамошното вршење на кривичното дело бил спречен од неговиот татко, а нападнатиот случајот го пријавил во полиција.   

 
 
11.01.2017 - 13:41

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега