ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ со серија штетни одлуки го упропасти Град Скопје

СДСМ со серија штетни одлуки го упропасти Градот Скопје одземајќи ги сите средства и ингеренции од неговите раце, се наведува во писмената реакција на ВМРО-ДПМНЕ на денешното соопштение на СДСМ за отчетот на градоначалникот Коце Трајановски. 

- Поразениот СДСМ нема кредибилитет да говори за состојбите во Скопје, кога сите јавни претпријатија ги доведоа до просјачки стап, со десетици милиони евра во долг, блокирани сметки и механизација стара над 30 години. Поразениот СДСМ е заслужен и за пропаѓањето на ЈСП Скопје, кое имаше возен парк на автобуси стари по минимум 25 години, стои во реакцијата од ВМРО-ДПМНЕ.

СДСМ, како што се наведува, нема никаков кредибилитет да зборува за проектите и инфраструктурата направена од еден од најуспешните градоначалници во Македонија.

- Трајановски денеска даде отчет за реализирани капитални проекти, за нови булевари, реконструирани улици, нови атмосферски и фекални канализации, за изградени нови велосипедски патеки, за изградени нови водоводи, за капитални инфраструктурни проекти кои ќе го подобрат животот на граѓаните на Скопје, соопшти ВМРО-ДПМНЕ.

 
 
24.01.2017 - 18:58

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега