Судот ги отфрли обвиненијата против познатиот пејач и неговата сопруга

 Жил Де Бонфилс (35), поранешен асистент на Роби Вилијамс (42) и на неговата сопруга Ајда Филд (37), ги тужеше за сексуално вознемирување.

Тој тврдеше дека Ајда често знаела пред него да оди полугола и дека со него ги споделувала деталите за нејзиниот сексуален живот. Жил рече дека него го испитувала често за неговиот сексуален живот, а често барала и да го коментира нејзиното тело и изглед.

Пејачот и неговата сопруга на Жил му дале отказ после три месеци, затоа што ја запоставил својата работа и се однесувал несоодветно.

Обвиненијата на судот ги отфрлија, но не е познато дали се спогодиле со поранешниот вработен, кој бараше отштета од над два милиони долари.

Двојката е во брак од 2010 година. Имаат две деца, Роуз (четири години) и Карлтон (две години). 

 
 
27.01.2017 - 16:01

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега