Ден од 25 часа - Еве кога ќе се случи тоа

Земјината ротација навистина забавува поради присуството на Месечината - секоја година Месечината добива малку енергија од Земјата и се "придвижува". Тоа движење е невидливо за човечкото око, но сепак може да се измери.
Оддалеченоста на Месечината од Земјата се мери со експеримент кој се нарекува "Lunar Laser Ranging". Имено, астронаутите на мисиите "Apollo 11, 14 и 15" на Месечината оставиле "LRRR" - "Lunar Rangig Retro-Reflector", уред за мерење на оддалеченоста на Месечината од Земјата.
 
Научниците така праќаат ласерски зраци до "LRRR", а тие се враќаат за околу 2,5 секунди. Толку е потребно за пат до Месечината и назад. Резултатите од експериментот покажале дека Месечината годишно се оддалечува за 38 милиметри.
 
Оддалечувањето на Месечината од Земјата и забавувањето на Земјината ротација имаат многу мало влијание - забавувањето на Земјината ротација во последните 100 години се проценува на околу 1,4 милисекунди. Според тоа може да се заклучи дека Земјата на секои 100 години ќе забавува за 0,0014 секунди, пишува Forbes.
 
Другиот метод за проценка на забавувањето на Земјината ротација користи историски податоци за соларните еклипси, со чија помош се дошло до заклучок со колкава брзина Земјата ротирала во минатото. Според тој метод Земјата секое столетие забавува за 2,5 милисекудни.
 
Доколку се земе во предвид просечната вредност на овие методи, Земјата на секои 100 години забавува за 0,002 секунди.
 
На основа на овие референци, не е тешко да се заклучи дека ќе бидат потребни 25.000 години за на Земјата да се додаде половина секунда, односно 50.000 за една цела секунда. За денот да се продолжи на 25 часа, потребни ќе бидат - 180 милиони години.
 
 
30.01.2017 - 23:23

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега