Девојките за 15 минути може да си ја вратат невиноста во Македонија - еве колку чини зафатот
Хируршка интервенција за враќање на невиноста кај девојките има и во Македонија, а чини од 500 до 700 евра, за само 15 минути.
Како што пишува Убавина и здравје, Оваа интервенција која е многу застапена во странство, кај нас ја има во Тетово, Гостивар, Кичево, а се разбира бројката е голема и во Скопје.
Станува збор за зашивање на хименот, зафат познат како хименопластика, а се изведува со цел искинатите рабови на хименот – девичникот повторно да се соединат. Од една гинеколошко-акушерската клиника во Скопје велат дека се работи за мошне едноставна и краткотрајна интервенција, која таре 15 минути.
Во Босна и Херцеговина секоја трета интервенција е бесплатна. Во Тузла постои центар за пластична хирургија кој го води доктор Златко Берберовиќ. Тој вели дека има случаи кога девојките ја изгубиле невиноста при силување, па на тој начин сакаат да го заборават ужасот низ кои поминале.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа