Браќата Нуне го снимија спотот за песната која ја почнаа со кралицата Есма Реџепова
Браќата Нуне (Nune Brothers) во соработка со „ВС продукција“ во вторникот во МНТ снимија дел од спотот за песната „Латино у моди“, заедничка песна со Есма Реџепова Теодосиевска.
Овој проект беше започнат кон крајот на минатата година, но прво болеста, а потоа и смртта на Есма, не дозволија целосна негова реализација, така како што беше планирано.
-
Токму овој спот, кој што го снимавме во вторникот, за една од песните, прво е изразување на огромна благодарност кон мама Есма за се што направи за нас и за музиката, додека соработувавме заедно. Таа сега ќе пее од небото, од рајот, а наша должност е да ги реализираме сите наши заеднички планови. Ќе биде тешко без неа,но наша е честа да се работи на целиот овој проект, велат Филип и Раде Нуневски.
Спотот е во продукција на Дарио Јанковиќ, со подршка на „ВС продукција“, чии што ексклузивци се Раде и Филип ( Nune Brothers), а деталите за промоцијата ќе бидат објавени наскоро.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа