Како да се ослободите од миризбата на цигари во вашиот дом
Мирисот го апсорбираат теписи, завеси, мебелот, но сепак можете да се ослободите од него. Постојат повеќе начини, а методот зависи од количеството на чадот, односно колку време е присутен во собата.
Ако чадот е длабоко “инфилтриран” тогаш ви е потребен голем труд и длабинско чистење. Исперете ја вашата облека, перници, ќебиња, јоргани и материјали кои биле во контакт со чадот. Избришете ги масите, фиоките, исчеткајте го каучот, гарнитурите и фотелјите, со помош на меки четки натопени во раствор од вода и омекнувач.
Користете оцет или јаглен. Истурете малку оцет во неколку садови или ставете парчиња на активен јаглен во просторија во која се пуши. Јагленот и оцетот го апсорбираат и неутрализираат мирисот.
Ставете од вашиот омилен парфем врз ладна сијалица. Кога сијалицата ќе се запали, поради топлината ќе се прошири пријатен мирис, кој барем делумно ќе го прикрие чадот и смрдеата од цигарите.
Во вечерните часови, пред спиење посипете сода бикарбона на тепихот, гарнитурата и рабовите на собата во која се пуши. Наутро поминете со правосмукалка.
Вентилацијата е исто така битна. Додека имате гости пушачи во собата, отворете го прозорецот. Ако имате, користете ги апаратите за прочистување на воздухот, но редовно менувајте ги филтрите на истите. Чадот делумно го апсорбираат и миризливите свеќи.
Кора од цитрус. Оставете кора од многу цитруси во собата или во автомобилот неколку дена. Кога ќе ги отстраните, исто така, ќе се отстрани мирисот на цигарите.
Искористете ја моќта на меленото кафе за апсорбирање на мириси. Не истурајте го насекаде, како сода бикарбона, бидејќи кафето може да остави дамки. Наместо тоа, ставете го меленото кафе во неколку филтер ќесички и затворете ги добро. Ставете ги во просториите во кои се пуши.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа