Скапите шампони ќе ви станат минато: Оваа намирница прави чуда за вашата коса

 

Авокадото е една од оние специфични намирници кои или ги сакате или не. Но, кога е во прашање вашата коса, авокадото е намирница која ќе ја обожувате, бидејќи може да направи чуда за неа.

Авокадото воедно е и една од најздравите намирници на светот, а исклучително е ефикасно и во регенерацијата на косата. Омега-3 масните киселини во него во најкраток рок ја хидратизираат вашата коса и ја прават дополнително сјајна.

По третманот со авокадо, вашата коса повеќе нема да биде сува и испукана, а со маската почестете се еднаш неделно. Ние ви предлагаме неколку варијанти, а вие самите одберете која ви се чини најпримамливо.

Зрело авокадо пресечете го на пола, отстранете ја кората и извадете ја средината. Месастиот дел од авокадото исецкајте го на што поситни делови и добро изгмечете го. Потоа, во авокадото додадете 2-3 лажички мед и добро промешајте. Маската се нанесува на сува коса, а потао се остава да делува 40 минути. Косата може да ја прекриете со проѕирна фолија за уште подобар ефект, а потоа измијте ја како и обично.

Авокадо, јајце и маслиново масло

За оваа маска ви се потребни едно авокадо, едно јајце и 2 лажички ладно цедено маслиново масло. Излупете го авокадото, направете пире, а во него додадете ги јајцето и маслиновото масло. Маската се нанесува на мокра коса, а времето на делување е 20-30 минути. Потоа, измијте ја косата.

Авокадо, банана и јогурт

Помешајте пола банана, четвртина авокадо и лажица обичен јогурт, а смесата ставете ја на мокра коса 20 минути. Потоа измијте ја.

 

 

 

20.02.2017 - 21:21

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега