Додека чека трансплантација: Погледнете како живее срцето надвор од телото (ВИДЕО)

На четиринаесетгодишна возраст на Ли Хал (28)му е дијагностицирана срцева болест, причина поради која пред 5 години му е вградена механичка пумпа за да може крвта низ телото да циркулира нормално.
Но, со текот на времето работите почнале да се комплицираат, а лекарите заклучиле дека му е потребно ново срце, и тоа во рок од два дена инаку нема да преживее.
Затоа постапката била забрзана и за осум часа пред операцијата било донесено срце во болницата.
Она што е најинтересно во целиот случај е дека срцето било донесено во кутија со сите потреби на модерната технологија. Кутијата била опремена, така што можела да оживее срце кое е мртво максимално 30 минути.
Погледнете како работи срцето:
20.02.2017 - 22:13
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа