Тој е вистински медицински феномен - преживеал 27 инфаркти за еден ден
Реј Вудхал, 54-годишник од англискиот град Веднесбари, проживеал вистинска животна драма откако доживеал срцев удар играјќи фудбал со пријателите.
Но, вистинската борба почнала во болница каде за 24 часа доживеал 26 срцеви удари, а лекарите после секој се обидувале да го оживеат.
Медицинската сестра изјавила дека досега најмногу седум пати оживувала едно лице.
-Последниот удар беше најтежок. Сопругата ме држеше за рака и гледаше како умирам пред неа. Умирањето е како заминување на спиење, изјави Реј, инаку татко на 3 деца.
Повеќето удари во болницата биле меѓу 21 часот и 3 часот наутро, а се верувало дека нема да ја преживее ноќта.
За среќа лекарскиот тим одлично си ја извршил работата и чудесно го спаси практично изгубениот живот.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа