Тажна судбина која ќе ви го скине срцето: На малиот навивач му остануваат уште неколку месеци живот

 

Петгодишното детенце Бедли Лоури, чија борба со тешката болест ја допре цела Европа, ќе биде маскота на следниот натпревар на репрезентацијата на Англија.

На 26 март Англија игра квалификациски натпревар со Латвија на Вембли, а во прилика малиот Бредли ќе излезе со играчите на терен, објави ФА.

На Бредни во 2013 година му е дијагностициран неуробластом. Почна тогаш неговата борба за живот, во која му помогнале бројните хемотерапии.

За жал, туморот се врати во јули минатата година, а неодамна му е откриен уште едеб тумор, на грбот.

„Срцето ни е скршено“

Оваа вест ја објави неговата мајка кога докторите соопштиле дека Бредли, инаку навивач на Сандерленд, има само уште неколку месеци живот.

„Уништени сме, срцето ни е скршено“, порача неговото семејство преку Фејсбук.

Откако целата приказна се појави во јавноста, почна хуманитарна акција на која се собрани 700.000 фунти за понатамошното лекување. Додека се исчекува како ќе реагира неговото тело на третманите кои ги поминува, на Бредли не заборавија нитуа играчите на Сандерлед, кои го посетија во болница.

Со убав гест излезе и Евертон, кој освен уплатените 200.000 фунти за лечење, го повика Бредли да биде маскота на нивната утакмица со Сандерленд која се игра оваа сабота.

 

 

 

25.02.2017 - 12:22

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега