Џејн првпат призна дека била силувана и злоупотребувана уште како дете

 

Американската актерка и оскаровка Џејн Фонда прв пат јавно призна дека како дете била сексуално малтретирана и силувана.

Во интервју за весникот „Едит“, 79-годишната Фонда исто така открива дека во една прилика не ја добила работата, само затоа што одбила да оди во кревет со сопственикот на фирмата.

Некогашната ѕвезда на американскиот филм смета дека сега е „страшно да се биде млада актерка“, поади преголемата женска сексуализација.

- Мора премногу и пречесто да се биде гола, дури и повеќе од истакнувањето на убавината, вели Фонда во интервјуто дадено по повод претстојниот меѓународен празник на жените - 8 Март.

Таа е долгогдишен активист на организаците за права на жените, како и пасиониран подржувач на фондовите за помош на силуваните жени.

Нејзината мајка Френсис Форд Сејмур била сексуално малтреитрана како осумгодишно девојче. На возраст од 42 години Френсис се самоуби, кога Џејн имаше само 12 години.

Џејн Фонда е дел од прославено актерско семејство во Холивуд.

Нејзин татко е некогашната ѕвезда на американксиот филм Хенри Фонда, а глумци се и нејзиниот брат Питер Фонда и неговата ќерка Бриџет Фонда.

Џејн седум пати е номинирана за Оскар, а престижната награда ја освои два пати - за филмовите „Клут“ и „Враќајки се дома“. Во филмот „На златното езеро“ таа глумеше заедно со нејзиниот татко.

 

 

 

03.03.2017 - 15:03

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега