Како да одберете совршена гардероба според формата на вашето тело
Ви се допадна фустан кој изгледаше совршено на куклата од излог, но кога го пробавте изгледавте ужасно во него? Еве неколку совети како да изберете гардероба која ќе ѝ одговара на формата на вашето тело:
Тело во форма на јаболко
Избегнувајте предебели јакни и облекувајте подолги маички или туники.
Не одбријате претесни панталони и фармерки. Фармерките со висок струк се идеален избор за вас.
Носење на ремен ќе ви даде ефект на потенка половина.
Тело во облик на круша
Истакнете го пределот околу вратот и рамената со некаков додаток- шал или колоритен накит.
Избегнувајте панталони до под колена, кратки панталони и тесни здолништа.
Носете потемна облека.
Правоаголна форма на телото
Носете појас на најтенкиот дел од половината за да ја истакнете.
Носете блузи кои завршуваат во делот на вашата половина.
Струкирани јакни, фустани и здолништа ќе направат вашето тело да изгледа како песочен часовник.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа