Убиството и самоубиството за кое уште се зборува: Се смирија семејствата на Ксенија и убиецот
По седум години од трагедијата која го остави регионот во шок, кога манекенот Филип Каписода ја уби познатата српска пејачка Ксенија Пајчин, нивните семејства решија да ги закопаат воените секири.
Како што пишува српскиот Курир, таткото на Филип и вујкото на Ксенија се сретнале во Црна Гора, каде се договориле дека треба да се заврши војната меѓу нив бидејчи никој од нив не е виновен за тоа што се случило и што го направил Филип.
Инаку, Ксенија беше убиена пред седум години, манекенот дошол во нејзиниот стан, во налет на љубомора пукал во неа, па самиот си пресудил.
08.03.2017 - 08:51
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа