Средба Ахмети-Хелбах: Изборите ги оддржавме за да се реши кризата а не да се продлабочи

Претседателот Ахмети и Амбасадорот Хелбах денеска разговараа околу новонастанатата ситуација по изборите на 11 Декември и политичката состојба во земјава како и напорите за да се излезе од политичката и институционалната блокада.

Ахмети говореше за улогата на ДУИ за оддржување на сеопфатни и кредибилни избори како и нашето инсистирање за заокружување на Охридскиот Договор, системски реформи и ЕвроАтлантска интеграција. Истакна дека изборите беа организирани за да ја реѓат кризата, а не за да продолжат или продлабочат кризата.

 Хелбах истакна дека Германија има разбирање за одлуката на Ахмети и ја нагласи поддршката на Берлин за интергирана Македонија во евроатлантските структури и Македонија со ефикасни системски реформи. 

Ахмети го информира Хелбах дека се прават напори за да се деблокира Собранието за да почнат да фунцкионираат институциите. 

 

 

 

 

 

09.03.2017 - 15:39

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега