Ахмети и Заев викендов планираат да влезат во Собранието

Претседателот на Демократската Унија за Интеграција (ДУИ), Али Ахмети се сретна со амбасадорот на Франција во Скопје, Кристијан Тимониер.

Ахмети и амбасадорот Како што информираат од ДУИ разговарале за ситуацијата во земјата и во регионот и за итната потреба за решавање на политичката криза.

Ахмети го информирал Тимониер дека побарал од релевантните парламентарски партии да го започнат дијалогот за цел да се постигне компромис и што побрзо да заврши конституирањето на Собранието, како почетна точка за решавање на кризата.

Тој потенцирал дека со заедничката декларација не се прекршува уставниот поредок или карактер и е во целосна согласност со Охридскиот договор и Уставот на Република Македонија и претставува резиме на изборните програми на албанските парламентарни партии.

 

Дневник објави дека планот е викендов, најверјатно во недела да се конституира Собранието.

 

 

 

10.03.2017 - 12:30

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега