Средба Заев - Ахмети: СДСМ сака во петок во Собрание
Заев и Ахмети вчера доцна вечерва имале средба во седиштето на СДСМ, јави 24 Вести.
Извори на телевизијата од Бихаќка брифираат дека двајцата лидери барале начин како да се придвижат работите за свикување на Собранието. Во таа насока денеска Заев треба да има средби и со Беса.
За денеска не е најавена можност да биде свикано собранието а според она што го брифираат од СДСМ, тоа најверојатно ќе се случи во петок.
Од СДСМ велат дека ќе побараат од Вељаноски да ја свика прекинатата конститутивна седница.
Од СДСМ не откриваат детали од разговорите за избор на нов Претседател на Собранието иако во медиумите веќе се провлекуваше името на Талат Џафери.
Лидерот на ДУИ во интервју за ТВ21 рече дека за свикување на Собранието потребен е и договор со ВМРО-ДПМНЕ
„Без вистински договор меѓу страните кои се претставници на мнозинските заедници, СДСМ, ВМРО, ДУИ и останатите партии ние не можеме да правиме експерименти како во театар, да одиме во собрание без претходен договор. Да не одиме во собранието за да се видиме еден со друг и да си размениме неколку пцовки и навреди туку да одржиме седница каде ќе се избере комисија за назначување и да се избере претседателот на Парламентот“,изјави Али Ахмети.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа