Ахмети на средба со Норвешкиот Амбасадор

 
Лидерот Ахмети и Норвешкиот Амбасадор разговараа околу политичката ситуација во земјата и напорите за да заврши Конститутивната седница на Собранието и изборот на новата влада во земјата.
 
Претседателот Ахмети истакна дека главните парламентарни партии мора веднаш да го почнат дијалогот за продолжување на Конститутивната седница на Собранието што ќе резултира со избор на Претседателот на Собранието со што ќе се деблокира оваа значајна институција.
 
ДУИ ќе го даде својот конструктивен придонес во овој поглед и ги поддржува сите напори кон решавање на кризата.
 
Г.Ахмети нагласи дека политичката и институционалната криза во никој случај не треба се претвори во меѓуетничка криза и политичките партии во земјата треба да го дадат својот придонес во оваа насока.
 

 

 

15.03.2017 - 16:10

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега