СИТЕЛ:Ванхојте повторно ги подгреа тензиите - заговара федерализација

Тој за порталот Medium.com пишува дека федерализацијата во деведесетите била ефикасна алатка за решавање на конфликти па така и денес за Македонија тоа би било позитивна работа која би донела стабилност.

-Од деведесеттите години, можеме да видиме дека доста често, федерализмот се користи како ефективна алатка за решавање на конфликти. Голема предност е дека заедниците можат да добијат еднакви права и еднаков однос кон централното ниво на владеење. Ова создава стабилност која е многу потребна во земја како Македонија, пишува Ванхауте.

Тој во својот текст на Medium.com наведува дека целта на Тиранската платформа е да донесе добри и ефикасни решенија, бидејќи смета системот во државата бил близу целосен колапс.. Ванхауте додава дека Македонија нема да исчезне доколку го признае албанскиот јазик за втор службен во Уставот..

-Да заклучиме: без оглед на предлогот од страна на некои од политичките лидери и партии во Македонија, земјата нема да се распадне со прифаќањето на фактот дека “сите граѓани се еднакви.” Земјата нема да исчезне преку препознавање на втор јазик. Напротив, признавајќи дека ќе се живее на крстопатот на различни култури се смета за предност; вашата економија, образовниот систем, научни истражувања и културата можат да имаат корист од него. Различноста е алатка за зајакнување на вашата земја, алатка која очајно ви треба за да изградите подобра иднина, пишува Ванхауте.

На текстот напишан од Ванхауте, реагираше партијата „Достоинство“.. Велат дека федерализација на државата нема никому да донесе добро..

Инаку поранешниот белгиски посредник на Меѓународната заедница Питер Ванхауте во јавноста е познат по своите антимакедонски и политички пораки во кои ја фаворизираше СДСМ.

За време на преговорите во Пржино, Тој имаше негативен став за напорите за хармонизација на македонското со европското законодавство но и за препораките на Европската комисија.. 

 

 

 

15.03.2017 - 19:34

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега