Ахмети: Ништо не правиме без согласност на Груевски

Без согласност од ВМРО-ДПМНЕ и другите парламентарни партии тешко дека партијата на Али Ахмети ќе прифати да продолжи конститутивната седница за Собранието да избере претседател на парламентот, пишува Дневник.
Ова го потенцира лидерот на ДУИ, Ахмети, по средбата со лидерот на СДСМ, Зоран Заев, на „Бихаќска“, доцна завчера вечерта. И додека Заев по средбите со Ахмети и вчера со лидерот на Беса, Билал Kасами, е оптимист дека до крајот на неделата новото парламентарно мнозинство ќе побара од претседателот на Собранието во заминување, Трајко Вељановски, да ја продолжи седницата и да се избере претседател на парламентот, од ДУИ се резервирани дека законодавниот дом деновиве ќе профункционира. Процесот е можно да се откочи единствено доколку се потврдат брифинзите дека СДСМ за денеска ќе бара координативна средба во Собранието и доколку има виза и од ВМРО-ДПМНЕ, веќе утре новото парламентарно мнозинство официјално ќе побара Вељановски да закаже продолжување на конститутивната седница, па дури и да се избере новиот претседател на парламентот.

 

 

 

 

 

16.03.2017 - 12:04

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега