ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ тоне и е во паника-Видоа дека нивната анти-државна и анти-национална политика не минува кај народот

Двете реакции на СДСМ и СЈО на утринското соопштение на ВМРО-ДПМНЕ покажуваат дека авторот кој стои зад нив е еден ист, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

Во продолжение следува интегрален текст од реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ.

Тоа е уште еден доказ дека помеѓу СЈО и СДСМ има знак на еднаквост.

СДСМ тоне и е во паника. Видоа дека нивната анти-државна и анти-национална политика не минува кај народот.

Граѓаните масовно ја отфрлија Тиранската Платформа и стотици илјади граѓани секојдневно го покажуваат на улиците низ Македонија.

Сосема очекувано беше политичкото активирање на СЈО преку неиздржани предмети, се со цел да врши притисок врз медиумите за да направи дефокус од револтот и гневот на народот кон Тиранската Платформа, кој секојдневно се слева на улиците.

 

 

 

16.03.2017 - 15:45

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега