Колариќ: Надлежниот народен правобранител и првата детска амбасада мора да реагираат кога директор на едно училиште на социјалните мрежи објавува материјали со експлицитни сексуални содржини

Деновиве низ електронските медиуми излегоа непристојни слики од Директорот на Кумановската Гимназија „Гоце Делчев“. Ескплицитната содржината е навистина запрепастувачка и бара итно да се превземат мерки против него без разлика што истиот е кадар поставен од градоначалникот Зоран Дамјановски од СДСМ. Целата јавност е загрозена од тоа што го виде, истакна на денешната прес-конференција Светлата Колариќ од ВМРО-ДПМНЕ.

Во продолжение следува интегрален текст од прес-конференцијата на Светлана Колариќ.

Родителите се во шок и загрижени за своите деца, каде тие се воспитуваат и кој нив ги образува. Никому не приличи вакво однесување, а најмалку на педагог, и човек кој раководи со една образовна установа. Ги повикуваме надлежните државни институции да ги истражат наводите за ваков случај, и доколку се покажат како точни да спроведат санкции. Ги повикуваме и невладините организации кои ги штитат правата на децата да реагираат на ваквите појави.

Надлежниот народен правобранител и првата детска амбасада мора да реагираат кога директор на едно училиште на социјалните мрежи објавува материјали со експлицитни сексуални содржини. Кумановската и целокупната македонска јавност се згрозени и оправдано поставуваат прашања:

Што се случува во кумановската гимназија?

Дали овие фотографии и снимки биле испраќани до некого и дали истите стигнале и до учениците во гимназијата?

Каква реформа во образованието СДСМ сака да спроведува и дали кумановската гимназија треба да биде урнек?

Јавноста мора да знае. Институциите мора да реагираат. Не смее да се дозволи сомнеж дека со установа која има просветна и педагошка улога раководи човек кој се слика гол и потоа истите слики ги пушта на интернет.

 

 

 

16.03.2017 - 16:32

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега