Лукашевиќ: Да се запре странското мешање во внатрешните работи на Македонија

Да се запре странското мешање во внатрешните работи на Македонија, повика рускиот амбасадор во ОБСЕ, Александар Лукашевич.

-Правата на македонските граѓани да се почитуваат и затоа ги повикуваме сите политички сили во земјата и надворешните посредници од Европската унија и САД да го следат патот на дијалог за решавање на состојбата во Македонија, истакна Лукашевич.

-Стабилноста и општествената хармонија мора да продолжи, вели тој на заседавањето на ОБСЕ во австриската престолнина.

Албанското малцинство не треба да се користи од некои сили, подвлекол рускиот амбасадор, наметнувајќи платфоми кои го поткопуваат уставното уредување на Mакедонија.

 

 

 

17.03.2017 - 11:22

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега