Хан: Рама да не се меша во Македонија

Мешањето на албанскиот премиер Еди Рама, кој се јави како медијатор меѓу албанските политички партии при составувањето на платформата, Хан го оценува како контрапродуктивно:

„Сите ние кои сме долго во политиката знаеме дека советите од соседството ретко се добро примени. Оттука, тоа е контрапродуктивно. За тоа да се реши, ќе биде потребно време“, оцени тој. 

Зголеменото мешање на Русија во македонската политика Хан го смета за дополнителен прилог во и онака нестабилната атмосфера.

„Тие не' лутат, но само толку“, вели Хан во однос на Русија. „Не дека тоа го игнорирам, но повикувам на поголема самодоверба. Мора да се соочиме со тоа“, изјави Хан, признавајќи дека Русија ја влошува целата ситуација.

„Да, тоа е нестабилност. Тука не треба да се залажуваме. Тоа се продуцира и од трети сили, од најразлични страни и канали. Но, тоа е само дополнително подгревање на веќе постојната нестабилност која е од домашно производство“.

Хан уште еднаш потенцира дека стабилноста на Балканот е од „огромно значење“ за ЕУ, поради неговата геостратешка позиција. Без оглед каква ќе биде идната улога на новата американска администрација во регионот, комесарот вели дека ЕУ ќе ја преземе раководната одговорност.

„Тоа позитивно го прифатија и Американците. Веќе имаше ситуации, како што е случајот со Македонија, исто како и во Албанија, каде што тоа функционираше под наше раководство. Зголемената одговорност на ЕУ за регионот не само што е добредојдена туку ова што го правиме сега, требаше да го направиме уште пред многу години“, заклучува Јоханес Хан. 

Јоханес Хан, во вторник ќе допатува во Скопје, заедно со тројцата европратеници Едвард Кукан, Иво Вајгл и Кнут Флекенштајн, потврди вчера портпаролката на Евопската комисија, Маја Коцијанчич.

 

 

 

17.03.2017 - 17:34

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега