Димитриев: Не може да се игнорира принципот победник со победник

Јас имав средба со Хан и од прилика нашата средба беше дека нашето зачленување во ЕУ е како двосмерна улица, сега ние имаме криза во нашата земја и да не заборавиме дека ние пред две години имавме одлични реформи и имавме отворени врати и имавме препорака за отпочнување на процесот за членството во ЕУ, а следен процес би било само спорот со името, но сега веќе се јави и проблемот со политичката криза, изјави во дневникот на сител, премиерот, Емил Димитриев.

-Како и да е ние и во иднина ќе се бориме за членството во ЕУ, не можам да не бидам искрен и да не ја коментирам нашата ситуација во моментов, не може да се изостави принципот на коалицирање на победник со победник, тој принцип по мене даваше огромна сила за меѓуетничките односи во Македонија. Затоа сметам дека овој принцип помага за градење на политичка кохезија во нашата земја и овој принцип за разлика од другите држави, нашата земја дозволува да се користи овој принцип, ние мораме да се вратиме на овој принцип за да почнеме повторно да функционираме, рече Димитриев.

 

 

 

22.03.2017 - 19:43

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега