ФОТО: Хрватските медиуми бурно го следеа најмасовниот протест во Скопје-Над 100 илјади луѓе кажаа НЕ за федерализација на Македонија

Веста за вчерашниот протест во Македонија силно одекна и во светските медиуми, како и во медиумите од соседството. Како и Регионот така и Хрватска не остана рамнодушна на најмасовниот протест досега во Македонија.

Храватски 20 минути, објави вест насловена „На улиците во Скопје 100 илјади луѓе рекоа НЕ за федерализација на Македонија“.

1

Потоа порталот вели дека низ улиците на Скопје вчеравечер над 100 илјади луѓе учествувале во протестот против можното формирање на влада помеѓу СДСМ и албанскиот блок во земјата.

Тие пишуваат и дека Хан иако беше во посета на Скопје не се сретна со претседателот на државата Ѓорге Иванов кој одби да го даде мандатот за составување на влада, бидејќи изборната платформа го нарушува македонскиот суверенитет.

Хрватски Јутарни пак пренесува дека повод за најмасовниот протест досега во Скопје било доаѓањето на евроамбасадорот Хан кој во Македонија пристигна да го убеди претседателот Иванов да попушти околу формирањето на влада.

2

Веста исто така одекна силно и до хрватскиот Нов Светски поредок, кој вели дека организаторите на овој протест силно го подржуваат зачувувањето и унитарноста на Македонија. Потоа медиумот вели дека ВМРО-ДПМЕ на изборите во декември освои 51 пратеник, додека СДСМ 49, па влада не можело да се формира без коалиционен партнер од албанскиот блок.

3

На крајот нови светски поредок заклучува дека граѓаните на Скопје вчера масовно упатија порака до ЕУ дека тие не смееат да се мешаат во внатрешноста на државата.

Хрватски Блесок ги пренесува паролите на граѓаните како што се: „не ја даваме Македонија“ и „нема да дозволиме албанизација на државата“.

5

 

 

 

22.03.2017 - 22:16

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега