Пролетни температури и сонце - потоа снег, дожд и заладување

Времето во Македонија ќе биде сончево со умерена локална облачност. Преку денот ќе дува слаб до умерен ветер претежно од јужен правец.

Утринската температура ќе се движи од еден до осум, а дневната од 20 до 26 степени.

Во Скопје слично време, сончево со мала до умерена облачност и со слаб до умерен јужен ветер. Утринската температура ќе се спушти до седум, а дневната ќе се искачи до 25 степени.

До крајот на работната недела ќе се задржи топло време за овој период од годината. Дневната температура од сабота ќе има тенденција на опаѓање.

Од почетокот на наредната недела се очекува позначителна промена на временската состојба, од северозапад ќе наиде релативно влажен бран, а од север ќе се спушта постуден воздух и ќе предизвика нагло опаѓање на температурата и промена на временската состојба. Ќе има зголемена облачност и врнежи од дожд, а на некои повисоки места и на планините се очекуваат и врнежи од снег.

 

 

 

 

23.03.2017 - 08:07

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега