Прекината координацијата во Собранието

Координаторите на пратеничките групи повторно ја прекинаа координацијата за комплетирање на Комисијата за избори и именувања. Според последните информации таа ќе продолжи попладнево во 13 часот.

Нема информации колкави се шансите за договор. Извори на Press24 во комисијата велат дека притисокот е врз СДСМ да се согласи претседателското место во Комисијата да му припадне на пратеник од ВМРО-ДПМНЕ.

Координацијата трае веќе три дена. Откако во првиот обид успешно беше договорен соодносот во комисијата работите заглавија на претседателот и се уште се закочени таму.

 

 

 

23.03.2017 - 12:07

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега