Димитриев испрати писмо со сочувство по нападот во Велика Британија

Премиерот Емил Димитриев испрати писмо со сочувство за нападот во Велика Британија.

Ви го пренесуваме во целост: 

Со огорченост, вознемиреност и тага ја примив информацијата за грозоморниот терористички чин во Лондон.

 Од името на македонските граѓани и македонската Влада Ве молам примете ги изразите на длабоко сочувство и пренесете ги на семејствата на жртвите.

 

 Терористичките закани не смеат и нема да го променат слободниот начин на живот и вредностите во кои верува демократскиот свет.

 Република Македонија стои заедно со целокупната светска заедница во борбата против терористичките закани кои ќе бидат победени со соработка и координирани и заеднички активности.

 

 

 

 

 

 

23.03.2017 - 13:19

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега