Димовски: Претседателското место не е добар гест од СДСМ, туку правило кое што функционира 25 години

На денешната прес конференција на Илија Димовски по завршувањето на координацијата за состав и претседател на Комисијата за избори и именувања на која партиите конечно постигнаа договор, тој напомена дека претседателското место во оваа комисија не е никаков добар гест од страна на СДСМ туку дека се работи за правило и пракса кое што постои 25 години наназад.

-Од тука претседателското место во Комисијата кое што го доби ВМРО-ДПМНЕ и шесте членови во Комисијата не се добар гест од страна на СДСМ, туку се правила и пракса која што во Собранието функционира 25 години, рече Илија Димовски.

Оваа изјава предходеше на изјавата на Оливер Спасовски кој што се обиде оваа ситуација да ја претстави како добра волја од страна на СДСМ односно дека ВМРО-ДПМНЕ претседателското место го поставила како услов на самата координација.

Имено, претседател на оваа комисија години наназад секогаш бил од редовите на најбројната партија во Собранието на Република Македонија.

 

 

 

23.03.2017 - 16:10

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега