Секој втор Македонец бара избори

65.5 проценти од гражаните се убедени дека предвремените избори во декември не помогнале да се надмине политичката криза, покажува третиот дел од анкетата на институтопт за политички истражувања.

45,8 отсто од граѓаните мислат дека распишувањето на нови парламентарни избори заедно со локалните се најдобро решение за актуелната криза. 35,5 проценти го гледаат решението во доделување на мандатот на лидерот на СДСМ Зоран Заев.

Поделено по етнички групи, 55,6 отсто од македонците се за нови избори, додека речиси ист процент или 55,5 отсто од Албанците се за доделување на мандатот на Зоран Заев и формирање на нова влада.

Според резултатите од анкетата на ИПИС, 56,5 проценти од граѓаните Македонци го оправдуваат потрегот на претседателот Иванов да не му го додели мандатот за формирање на влада на Зоран Заев се додека не се откаже од прифаќање на платформата на албанците.

Во одонос на Специјалното јавно обвинителство, дури 50 отсто од испитаниците одговориле дека според нивно мислење Катица Јанева и СЈО работат под влијание, од нив 24,5 проценти сметата дека ова обвинителство е под контрола на СДСМ, додека 25,5 проценти мислат дека СЈО работи под контрола на странци.

Од вкупниот борј испитаници 41,7 отсто мислат дека не треба да биде продолжен мандатот на СЈО, сосека 40,6 проценти се за продолжување на мандатот на ова обвинителство. Поделено по етнички заедници, 52 проценти од Македонците се против продолжување на мандатот додека 80 проценти од Албанците сакаат СЈО да продолжи со работа.

Резултатите опд истата анкета покажуваат дека 54,5 отсто од испитаниците состојбата во Македонија во моментов дополнително се влошува.

ИПИС го објавува и рејтингот на политичарит поделено по етнички заедници.

Најголема доверба кај Македонците ужива Никола Груевски со 32,9 проценти, втор е Зоран Заев со 15 и на третото место е претседателот Иванов со доверба од 3,9 отсто.

Кај Албанците најголема доверба ужива Али Ахмети со 20,2 отсто, на второ место е Зоран Заев со 8,4 проценти доверба од граѓаните Албанци, трет е Билал Касами со 5 на четвртата позиција е Зијадин Села со 4,2, а веднаш за него е Мендух Тачи  во кого веруваат 3,8 отсто од Албанците во Македонија.

Телефонската анкета институтот за политички истражќувања ја реализирал во периодот помеѓу 10 и 13 март на 1100 олнолетни испитаници на ниво на Македонија. Статистичката грешка во резултатите од институтот подложи на статистичка грешка од +- 3 проценти. 

 

 

 

23.03.2017 - 16:53

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега