За нов претседател на Собранието може да се чека и неколку месеци

До бесконечност може да помине пред Собранието воопшто да ја исцрпи листата на пратеници кои се пријавни за збор по точката на дневниот ред која треба да резултира со избор на Комисијата за избори и именувања. Само еден пратеник го искористи правото на збор а на ред се уште педесетина. Најголем дел од нив се од ВМРО-ДПМНЕ. На говорот на секој пратеник останатите пратеници имаат право на реплика, што значи дека тоа може да трае неограничено.
Собранискиот Деловник не дозволува реплики помеѓу пратеници од иста пратеничка група, но освен онаа на БЕСА, останатите пратенички групи во Собранието не се формирани, па оттука, репликите меѓу колегите од иста политичка партија се дозволени.
На излагањето на еден пратеник, сите пратеници имаат право на реплика, а потоа и на контрареплика. Иако тие се временски ограничени, сепак, оставаат простор цел ден да се дебатира.
Кога ќе се исцрпи листата на говорници, ќе се премине кон формирање на Комисијата. По ова, Собранието, но и членовите на комисијата ќе предложат кандидати за Претседател на Собранието. По ова, повторно се отвора дебата што значи повторно простор за нови говорници, реплики и контра реплики.
Најголемите оптимисти очекуваат околу еден месец да трае целата постапка, иако не би требало да биде изненадување  тоа да трае повеќе месеци.

Ваквото практикување на демократијата не е ништо ново во македонскиот законодавен дом. СДСМ пред неколку годин ина истиот начин се обиде да го блокира донесувањето на Буџетот, а ДУИ, го блокираше Законот за бранителите.

 

 

 

28.03.2017 - 13:13

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега