Рeгулаторна одлучи: Од полноќ горивата со нова цена

 

Бензините остануваат по стара цена, дизелот поевтинува за 1,5 денари по литар, одлучи денеска Регулаторната комисија за енергетика.
Малопродажните цени на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) и на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1), се намалуваат за 1,50 ден/лит, и со тоа малопродажната цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) изнесува 50,50 ден/лит, а малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) изнесува 39,00 ден/лит

 

Малопродажните цени на ЕУРОСУПЕР БС-95 и на ЕУРОСУПЕР БС-98 не се менуваат и со тоа малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 изнесува 65,00 ден/лит, а малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС- 98 изнесува 67,00 ден/лит.

 

 

 

03.04.2017 - 12:50

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега