ВМРО-ДПМНЕ: Богоевски лаже - Груевски нема телефон кој го плаќа Владата

На денешната седница на Собранието, пратеникот на СДСМ Павле Богоевски изнесе информации дека Никола Груевски има направено огромна сметка за телефон, за што подоцна самиот пратеник на СДСМ кажа дека таа информација не е проверена и дека не вистинита.

-Ја разбирам скепсата за верување на информации кои се презентирани со скенирани фотографии и затоа денеска  од претходните два пати, кога тврдев и тврдам дека има криминал однапред реков дека не сум сигурен во вистинитоста на информациите, рече Богоевски.

Од ВМРО-ДПМНЕ реагираа со демант.

„СДСМ во очај се претвара во фабрика за лажни вести обидувајќи се да го покрие срамот од прифаќањето на Tиранската Pлатформа.

          Веста дека Владата го плаќа телефонот на Претседателот Никола Груевски е целосна измислица. Груевски нема телефон кој го плаќа владата. Ниту пак од Малта имал разговори за такви високи сметки.

          Лагите и лажните вести станаа синоним за СДСМ. Пратеникот Павле Богоевски со лажно претставување како невладин активист влезе во Собранието, а сега преку пласирање на невистини се обидува да му се додвори на неговиот лидер, криминалецот Зоран Заев.

          Криминогеното раководство на СДСМ нема да може на овој начин да се амнестира себе си од предавството на највисоките државни и национални интереси.

          Граѓаните го прочитаа лицемерието и манипулациите на криминалецот Заев.

          Затоа народот е на нозе!

          Затоа Македонија се буди!“ - стои во демантот на ВМРО-ДПМНЕ.

 

 

 

04.04.2017 - 14:18

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега