Василевски: Граѓаните на Македонија се излажани со постизборната Тиранската платформа

Пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ Сашо Василевски, на денешната Собраниска
седница истакна дека граѓаните на Република Македонија се измамени со
постизборната Тиранската платформа.

-Граѓаните имаат право да ја дознаат вистината за Македонија. Се
работи за исклучително важна постизборна измама. Да појаснам на избори
се излегува со предизборна програма во која кандидатите и пратениците
излегуваат со одредени ветувања што ќе направат ако народот им го даде
гласот за одредена полтичка партија и таа да биде победник на
изборите, рече Василевски.

Тој потенцираше дека граѓаните на Република Македонија кои го дале
гласот за одредена партија во моментов се излажани.

-Предизборно едни ветувања, постизборно лага во која како услови за
формирање на парламентарно мнозинство се исфрлува Тиранската
Платформа. Како пратеник ме интересира која е цената која Република
Македонија треба да ја плати, праша Василевски.

Тој на крајот истакна дека со дебатата изминатите денови се јавноста
можеше да види дали има или нема платформа.

 

 

 

04.04.2017 - 16:00

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа