ВМРО-ДПМНЕ: Граѓаните видоа дека СДСМ е дел од подземјето

Со приведувањето на наркодилери и мафијаши блиски до криминогеното раководство на СДСМ, граѓаните видоа дека партијата е дел од подземјето, соопштуваат од ВМРО-ДПМНЕ.

Во продолжение следува интегрален текст од соопштението на ВМРО-ДПМНЕ

Криминалецот Зоран Заев за време на катастрофалното владеење со Струмица, незаконски го има зголемено своето богатство и богатсвото на неговото семејство за десетици милиони евра.

На сличен начин и останатиот дел од криминогеното раководство од СДСМ изминативе години ги користеше за незаконско богатење.

Криминалецот Зоран Заев и криминогеното раководство на СДСМ знаат дека правдата доаѓа и дека се ближи денот кога ќе треба да се платат сметките и да се одлежат затворските казни.

Затоа криминалецот Заев и неговите најблиски соработници се исплашени и се лесен предмет на уцена.

Затоа криминалецот Заев и неговите соработници ја прифатија Тиранската Платформа која е неуставна и спротивна на највисоките државни и национални интереси.

ВМРО-ДПМНЕ го става интересот на сите граѓани на прво место и затоа го нуди Манифестот за Единствена Македонија како граѓански концепт кој сплотува и води кон економски развој.

Маниифестот за Единствена Македонија гарантира владеење на правото и правна држава како клучен услов за успех на државата.

Во Манифестот предложен од ВМРО-ДПМНЕ се предвидува секој иден добитник на парламентарните избори, да добие бонус 20 пратеници, во рамките на сегашниот број на пратеници и согласно Уставот или пак да се воведе мнозински изборен модел. Ова е добар предлог се со цел кој било победник на некои наредни избори да не биде уценет.

Основниот принцип на Манифестот за Единствена Македонија е отворената пазарна економија. ВМРО-ДПМНЕ докажа дека знае како треба да се води економијата во нашата земја, а за тоа говорат и бројките. Над 160.000 ново отворени работни места. Ова е спротивно на се што СДСМ направи во своето време, а тоа е затворање на работни места.

Манифестот за Единствена Македонија е создаден со цел да има обединување околу националниот интерес.

Со одбивање на Манифестот, СДСМ докажува дека тие не се за обединување туку тие се за поделби. Ним им е поважно да веруваат дека преку прифаќањето на Тиранската Платформа и формирање Тиранска Влада ќе се спасат од затвор.

Затоа народот е на нозе !

Затоа Македонија се буди !

 

 

 

05.04.2017 - 09:42

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега