ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ да го признае фактот дека е поразен од народот

СДСМ треба да го признае фактот дека на последните избори народот ја поддржал програмата на ВМРО-ДПМНЕ и да престане со своето однесување да ја гази неговата волја.

- На изборите на 11 декември гласаше народот во Македонија. Мнозинството од 1.191.852 граѓани кои гласаа на изборите ја поддржаа програмата на ВМРО-ДПМНЕ. Својот глас за ВМРО-ДПМНЕ го дадоа 455.000 граѓани, а СДС освои 436.000 гласови. Тоа јасно говори дека СДС е поразена од народот. Нивната програма не ја доби поддршката од граѓаните и покрај помошта од нарко-мафијашките структури и соросовиот НВО-вандалски сектор, се вели во соопштението од ВМРО-ДПМНЕ.

Граѓаните, велат од ВМРО-ДПМНЕ, ја препознале деструктивноста на СДСМ и кристално јасно гледаат дека партијата е подготвена своето деструктивно сценарио да го спроведе на сила, газејќи Устав, закони, национални и државни интереси. 

ОД ВМРО-ДПМНЕ сметаат дека Заев и СДСМ се заглавени во криминал до гуша и затоа ги прифатиле сите уцени и се подготвени да ја прифатат тиранската платформа до последна точка.

- Мислат дека на тој начин ќе се спасат од одговорност за криминалот и незаконското богатење. Покажаа дека се подготвени во очи да го излажат својот народ. Затоа со постизборни манипулации прават коалиции спротивни на волјата на мнозинството Македонци, се вели во соопштението од ВМРО-ДПМНЕ.

 

 

 

06.04.2017 - 14:38

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега