Дамовски: Ова црвено-жолто море нема да мрдне додека не се откажат од платформата

Нашето трпение е огромно, со мир браниме мир, но знаеме и поинаку. Секој од нас е спремен да ја брани Македонија.

Ова на денешниот масовен протестен марш на Граѓанската иницијатива „За заедничка Македонија“ во Скопје го истакна Борис Дамовски, член на иницијативата.

Вели дека народот е спремен да ја земе правдата и конечно да ја донесе во Македонија.

– Стотици илјади луѓе се готови да ја земат правдата и да ја донесат конечно во Македонија, истакна Дамовски.

Тој посочи дека сите го знаат излезот од оваа криза, како што вели, попис и избори.

-Попис и избори, пратеници на Тиранската платформа, немакедонски пратеници. Ова море нема да мрдне се додека не се откажат од Тиранската платформа, порача Дамовски.

 

 

 

06.04.2017 - 19:04

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа