Мукоски: Нема да дозволиме со прескокнување на комисијата, СДСМ да започне со исполнување на платформата

Крсто Мукоски од ВМРО-ДПМНЕ денес од собраниската говорница им порача на колегите од СДСМ дека никој не им дава право, најмалку Деловникот да извршат грубо кршење на правото на говор на пратениците.

Мукоски додаде дека точката за која што е отворена расправа не може да биде прекината додека не заврши претресот, односно додека не се испочитува правото на збор на сите пратеници кои што се пријавиле за дискусија.

 

Во продолжение, Мукоски до колегите од СДСМ им даде на знаење дека ВМРО-ДПМНЕ нема да дозволи со кршење на деловникот СДСМ да го прескокне формирањето на Комисијата за прашања за избори и именувања и со тоа што ќе го изберат Талат Џафери за Претседател на Собранието, ќе започнат со испорачување на Тиранската платформа.

 

 

 

10.04.2017 - 13:21

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа