Тачи: Мнозинството од 67 пратеници за ДПА е апсолутно легитимно

Мнозинството од 67 пратеници за ДПА е апсолутно легитимно. Според нас одлуките на Иванов и ова што го прави ВМРО-ДПМНЕ во Собранието претставува суспендирање на основите принципи на демократијата, директно газење на Уставот и законите. Ние со гласовите што ги имаме освоено ќе го поддржиме мнозинството од 67 пратеници, изјави за Лајм, претседателот на ДПА, Мендух Тачи.
Тој истакна дека ова мнозинство исто така има апсолутна поддршка од пратениците на ДПА кога станува збор за евроинтеграциските процеси, за кои од СДСМ тврдат дека се приоритет, како и за унапредувањето на правата на Албанците, макар тоа било милиметар по милиметар.
– Сакам да бидам јасен, овие два пратеника на ДПА се во легитимната 69-ка, и секогаш ќе бидат. Доколку 67-те пратеници направат влада, може да се случи некој да го бојкотира Собранието, но тоа нема да бидеме ние, вели Тачи.
На прашањето дали пратениците на ДПА ќе го гласаат предложениот кандидат на ДУИ, Талат Џафери, за претседател на Собранието, Тачи изјави дека е можно такво нешто, но ќе бидат изнесени политичките вредности и маани на таа индивидуа.

 

 

 

 

10.04.2017 - 13:57

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега