ВМРО-ДПМНЕ: Лагите нема да му помогнат на Заев

 

Со пласирањето на лаги Васко Ковачевски нема да му помогне на Зоран Заев да го протурка на мала врата распродавањето на највисоките државни и национални интереси, порачува ВМРО-ДПМНЕ. 

- СДС е под огромен притисок и уцена да ја реализира тиранската платформа. Криминогеното раководство на СДС знае дека ќе заврши во затвор за сторените криминали, доколку не се дограби до власт макар и по цена на жртвување на највисоките државни и национални интереси. Затоа за жал, Васко Ковачевски денес мораше да се бламира себе си со пласирање на клевети само за да ги прикрие криминалите на Зоран Заев и неговото злосторничко здружување односно фирмите околу неговата нарко мафија кои му помагаат на СДС, рече Крсто Мукоски од ВМРО-ДПМНЕ на денешната партиска прес-конференција.

Нагласи дека ниту Сашо Мијалков, ниту ВМРО-ДПМНЕ имаат било каква поврзаност со договорот на РЕК Битола или со фирмата за која што денес се зборуваше дека добила тендерот

 

 

 

10.04.2017 - 16:24

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега